Мени
Вашата кошничка

ПОПУСТ од 10 до 50%

Душа носиме

Душа носиме
Душа носиме
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Велко Неделковски
  • Димензии: 13.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 228
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-790-1
420.00 ден.
Без ДДВ: 420.00 ден.

ДРУГИ ИЗДАНИЈА ОД ОВОЈ АВТОР

Збирката раскази „Душа носиме“ од Велко Неделковски е составена од триесет и осум кратки раскази, различни по жанр и по тематска определба, мошне кохерентни во стилска смисла, со грижлив одбир на мотиви и од урбаната и од руралната средина... 
Во средиштето на сите збиднувања е ЧОВЕКОТ, најчесто современикот, растргнат помеѓу заветот за спокојство наследен од предците и неумоливиот ритам на модерното секојдневие. 
Севкупно, расказите се соопштени со автентичен авторски пристап, со применети повеќе иновантни решенија во миксот меѓу жанровите - а сè со цел да се нурне подлабоко во неистражените изразни можности на моќниот прозен збор, особено во кратката проза. Иако кратки по обем, сите раскази ги содржат, во збиена форма, сите познати и општоприфатени фази на прозното изразување (експозиција, заплет, кулминација, расплет, перипетија) - кои фази често се измешани редоследно, а со цел за поефектен тек на дејството.
Дејството, пак, од своја страна, водено е со докажана умешност, како микс од лирското, драмското, хуморното, сатиричното, ироничното. Збирката (ќе) значи збогатување на личното реноме на авторот, но и на целокупната градба на Македонската литература.
Книгата е сведоштво за бујните водотеци на современиот живот, летопис за едно време на крстопати од секаков вид, вивисекција на општествените процеси во кои поединецот настојува да остане свој, а сепак да се вклопи во целината на Големата слика. 

проф. д-р Христо Петрески