- Залиха: Достапен
- Година на издавање: 2023
- Број на страници: 52
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-333-088
Народните приказни откриваат тајни светови и се најсаканите творби за децата од целиот свет. Најмладите, но и возрасните другаруваат со цареви и царици, принцови и принцези, со чудни и необични чудовишта и сили. Преку приказните одеднаш како сѐ да станува можно и вистинито. Нивното богатство на теми и мотиви е неисцрпно. Едноставно и мудро во нив се раскажува и се одделуваат вистината и правдата, доброто и умното, кои секогаш се победници над сите зла и неправди. Токму приказните се првите и најубавите допири со литературата во детството. Таа нераскинлива врска останува трајна за сите времиња и генерации. Приказните потекнуваат од најстари времиња. Во нив сѐ е чудесно и фантастично.
Творец на македонските народни приказни е народниот гениј, а нашите најпознати собирачи се: Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други. Станува збор за стари приказни кои во себе обединуваат повеќе децении и векови. А тоа неисцрпно богатство како ука и поука, како најубаво огледало за душата и животот на народот, е извонредно четиво и книжевно богатство.