- Залиха: Достапен
- Автор: Даниел Дефо
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2012
- Број на страници: 251
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-300-2
Романот Робизон Крусо на англискиот писател Даниел Дефо (1660-1731) се вбројува меѓу класичните дела на светската литература. Во него станува збор за борбата на осамениот човек против природата и симболичната драма за освојување на првите придобивки на цивилизацијата. Дејствието се случува на еден пуст остров во Тихиот океан, а главни ликови се Робинзон и Петко. Ова дело е едно од најпознатите во светот и е омилена лектира за најмладите читатели. Робинзон е човек со немирен дух, љубопитен и нескротлив, вечно во потрага по нови предизвици, по непознатото. Возбудливите авантури на Робинзон биле инспирирани од вистински настан: четири години самување на еден морнар на пуст остров. Во Робинзоновата борба со дивата природа е одразен непокорот на човекот кој и во најтешките услови наоѓа сили да опстане. Робинзон живеел повеќе од 27 години на пуст остров и се покажал како успешен земјоделец, вешт сточар, мајстор на многу занаети, но сите тие години поминати на едно место уште повеќе ја разгореле неговата желба за патувања и предизвици, која е општочовечка и вечна...