- Залиха: Достапен
- Автор: Ванчо Николески
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2012
- Број на страници: 85
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-460-3
Истакнатиот македонски писател Ванчо Николески (1912 – 1980) е роден во селото Црвена Вода, охридско. Учителска школа завршил во Скопје, а подолго време работел како учител во Битола и Скопје. Николески е автор на стихозбирката Македонче, објавена 1946 година, со која биле поставени темелите на современата македонска литература за најмладите. Тој спаѓа меѓу најплодните и најомилените детски писатели во Македонија. Негови најпознати поетски и прозни дела се: Крај огниште, Прва радост, Чуден свет, Мице, 14.000 ослепени, Волшебното самарче, Чудотворен кавал, Под виорното знаме, Гоце Делчев и други. Романот Волшебното самарче е првиот македонски роман за деца. Главен лик е малиот Трајче, сиромашно дете од селото Мацково, во Дебарца, во подножјето на планината Караорман. За да се прехрани себеси и својата мајка, со своето коњче Дорчо, секојдневно оди во шумата и бере дрва, кои ги носи на пазар во Охрид и Струга. Со добиените пари одвај успеваат некако да врзат крај со крај. При едно такво берење дрва во планината Трајче се запознава со партизаните Горјан и Огнен и станува нивни курир на тој начин што тие во самарчето на неговото коњче ставаат важни писма и пораки...