Мени
Вашата кошничка

ОНЛАЈН ПОПУСТ од 10 до 35%

Блекингегатан 32

Блекингегатан 32
-15 %
Блекингегатан 32
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Лена Ајнхорн
  • Димензии: 0.00cm x 13.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 362
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-778-9
This offer ends in:
Дена
Часа
Мин.
Сек.
357.00 ден.
420.00 ден.
Без ДДВ: 357.00 ден.

„Мислев дека ја познавам Грета Гарбо“. Со овие зборови Лена Ајнхорн го започнува својот роман „Блекингегатан 32“. На крајот на деведесеттите години, Ајнхорн снима телевизиски документарец за Гарбо и затоа поминува многу часови со оваа недостапна и најчесто несреќна жена која некогаш била најголемата светска филмска ѕвезда.
Во 2005 година, Ајнхорн открива триесет и три писма од Грета Гарбо до нејзината пријателка - актерката Мими Полак. Овие писма датираат од времето на нивното запознавање за време на студиите на „Кралското драмско училиште“ во Стокхолм. Нивната комуникација и пријателство продолжува и трае долго по завршетокот на филмската кариера на Грета. Според некои извори, Мими постојано ги носела овие писма во својата чанта во текот на целиот свој живот.
Во овие писма согледуваме една сосема поинаква Грета Гарбо. Жена која некогаш имала поголем избор во животот и која почувствувала дека веќе ги остварила своите соништа откако го запознава светски познатиот филмски режисер Мауриц Стилер. Тој влегува во нејзиниот живот со укажувањето дека таа може да стигне подалеку отколку што е во тој момент, многу, многу подалеку...