- Залиха: Достапен
- Автор: Мајкл Мирола
- Димензии: 13.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2019
- Број на страници: 288
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-777-2
This offer ends in:
Паѓа Берлинскиот ѕид. Kонтинент подалеку, во психијатриската клиника во Монтреал, пациент се буди од двегодишната зашеметеност.Неговата опсесија со Берлин е необјаснива. Со неговото бегство од болницата започнува надреалната авантура во која минатото се меша со иднината, а смртта служи да се промени ткаенината на светот во чудниот експеримент на трансценденталната филозофија.
Како ракописите на Франц Кафка или Итало Калвино проткаени со мешањето на реалното и надреалното, или како психоделичен трип на дрога, оваа приказна го носи читателот во темниот свет на Западен Берлин—сеприсутниот ѕид, трансвеститските барови и садомазохизмот. Тоа е таен свет каде што преживеаниот од концентрациониот логор продава шпорети на гас; свет на филозофска интелигенција, прељуба и убиство.
Френетичен, калеидоскопски, ужасен, брилијантен роман.