Мени
Вашата кошничка

Библиотека на сенките

Библиотека на сенките
-50 %
Библиотека на сенките
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Микел Биркегор
  • Година на издавање: 2022
  • Број на страници: 479
  • Корица: мек
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-850-2
250.00 ден.
500.00 ден.
Без ДДВ: 250.00 ден.

???? МИСТЕРИОЗНО убиство на Лука Кампели во неговата антикварна книжарница...
ТАЈНО библиофилско друштво... 
Некои луѓе поседуваат огромна МОЌ и кријат многу ТАЈНИ...
Големата библиотека во античкиот град АЛЕКСАНДРИЈА...

???? НЕВЕРОЈАТЕН ТРИЛЕР!!!

Кога Лука Кампели умира ненадејно од насилна смрт, неговиот син Јон ја наследува антикварната книжарница „Либри ди Лука“ во Копенхаген. Младиот и надежен адвокат Јон го нема видено својот отуѓен татко цели дваесет години по мистериозното самоубиство на неговата мајка.
По обидот за подметнување пожар во книжарницата, Јон е принуден да го истражува семејното минато. Тој не знае дека книжарницата со години крие неверојатна тајна. Таа е место за состаноци на тајното библиофилско друштво на љубители и читатели на книги, кои ја одржуваат традицијата на огромната и неверојатна моќ, пренесена од времето на големата библиотека на античкиот град Александрија. Јон е вовлечен во мистериозниот свет на тајните организации кои ја користат спиритуалната моќ на книгите – за да влијаат на политичарите и јавните личности. 
Но, некој се обидува да ги уништи Леторите, а Јон се наоѓа во борба за својот живот и за животите на своите нови пријатели…