Мени
Вашата кошничка

Креативна работилница RSS Feed

16 апр. (017) Трајче Кацаров - Милениче
0 2297
Собрани пред гаражата на газда Ниче, на улицата „Крива шија“, децата разговараа за сè и сешто. Разговараа за тоа кој што сонил и кој што ќе сони. Кој колку ќотек изел и кој на кого ќе му ја земе мерката. Редум еден по друг си ги кажуваа желбите, кој што сака да биде и дали за тоа ќе го биде кога ќе порасне. Малку зборуваа за оценките во училиштето,..
06 апр. (016) Ванчо Полазаревски - Баш сакам да го видам, Молба до телевизорот, Небождер
0 1242
Баш сакам да го видамБаш сакам да го видам тој научник, некој тазе Ајнштајн мустаклија,  на измислици меркалија, покрај сите светски пронајдоци ракети и комети, компјутери  мобилни телефони, млазни авиони... тој Ајнштајн, тој мустаклија на измислици мераклија, сосе сите свои колеги по ум да направат некој експеримент некое трас-бум! Па да смисла..
06 апр. (015) Зоран Пејковски - Мали детски разговори
0 1903
МАЛИ ДЕТСКИ РАЗГОВОРИ детска пиеса  Драги мои дечиња, мали а големи јунаци оваа приказна е пишувана за вас, за сите нас кои заборававме колку бевме среќни кога радоста ја наоѓавме во играта на улицата. А сега.....А сега во нашата улица нема повеќе детски џагор, нема детска игра. Сите деца играат на некакви светликави играчки, на таблет..
06 апр. (014) Љубинка Донева - Мила(н)
0 1188
Мила(н) Милан седеше пред огледалото кога  исто како пред некој ден, го слушна лутиот и пијан глас на татка си: -Каде си копиле едно?! Каде се криеш?! Ќе те најдам!... или пак се криеш во спалната на мајка ти, Женски Пејо еден... Ќе видиш ти што ќе ти направам... Ќе те нашминкам јас со некој суровица... И устата ќе ти ја нацрвам со некоја песница..
06 апр. (013) Весна Мундишевска-Велјановска - Велосипедистот Ангел
0 1988
Велосипедистот АнгелАнгел и неговиот велосипед имаат куп заеднички приказни, и двајцата се немирни и доживуваат случки разни.Велосипедот сака нови гуми, здрави педали и кочници, а Ангел да вози брзо низ шуми и на едно тркало да мери улици.Паѓаат и стануваат, па се дотеруваат, едниот за да е исправен, а другиот чист, да биде славен – број 1 ..
06 апр. (012) Панде Манојлов - Песна за бабите
0 1036
Песна за бабитеДетето: Бабо, снег врне вон! Од небо тој се рони,  го сее ли некој дрон, или така ми се сони?Бабата:  Зима е уште, ладна зима! Додека Бабите не минат, сѐ и сешто тука ќе има  и снег по улици ќе ринат. Детето: Марта, далеку некаде лета низ пролетни ветар и бура штрк во гнездо веќе слета зар, уште трае зима сура?Бабата: Бабите,..
06 апр. (011) Панде Манојлов - Гусларот
0 1145
ГусларотПред дедо ми да дремне, почнува со своите сказни,  како било во негово време кажува приказни разни!Си бил некој гуслар стар,  живеел во градскиот ан, на гусла тој свирел со жар песни пеел ко топол бран.Добро, бил, бре, мил дедо, а какви песни ли пеел тој, раскажи, како што е редот, бил ли тој, другар твој?Слушај ме сега мило чедо, с..
02 апр. (010) Кирил Темков - Утринско поздравување
0 1335
Утринско поздравување    Кога родителите ја будат Ангела ѝ викаат:     - Добро утро, мило детенце!     Малечкото девојче ги отвора очите и вели:     - Добро утро, мамо! Добро утро, тате!     Откако ќе се подготви за на училиште, поаѓајќи од дома, мајката ја потсетува ученичката:     - Те молам, поздрави ги твоите другарчиња и сите постари. Кажи с..
02 апр. (009) Доналд Бисет - Река од зборови
0 1051
Река од зборови Си беше едно време една река од зборови. Таа се влеваше во морето, а пак морето беше цело од книги со приказни. И така реката си течеше, а зборовите и буквите се префрлаа едни преку други и се удираа од карпите како брановите во вистинските реки. -    Ајде да напишам една приказна! - рече реката. -  Си беше едно време... -    Ур..
02 апр. (008) Велко Неделковски - Телефони
0 955
ТелефониСекоја слободна сабота Јас и тато зборуваме Како колеги од работа.Молив ќе му подарам Тој вели: - БЛАГОДАРАМ!Кифла кршам на два дела И  - ПОВЕЛИ! - јас му велам.За ужинка тато денес Сок  ќе купи и за мене.Од весникот, без брзаница Делиме по една страница.Ѕррр! За телефон како правиме? Брзаме да се јавиме.АЛО! Моја и негова ра..
02 апр. (007) Мирко Томовски - Ѕвони ѕвон
0 943
Ѕвони ѕвонЅвони ѕвон -             телефон! Душка вклучи              микрофон, потоа  и             камера: -Некој има              намера!-Здраво Маја,             како си? -Здраво Душка,              дома си?  -Нешто тајно?             Кажувај! -Дојди дома,             станувај! -Мамо, мамо,             слушни ме! Ајде стани,             гуш..
02 апр. (006) Филип Димкоски - Големиот мал музичар
0 1520
Големиот мал музичарСекој е талентиран за нешто, секој носи некаков дар, а во мојата зграда на вториот кат живее еден мал музичар.Младиот виолинист најмногу од сѐ да свири сака, по цели денови вежба, виолината не ја испушта од рака.Свири композиции тешки,  некогаш правилно,  некогаш прави грешки, некогаш разлева, некогаш фалшира, а секогаш не..
Прикажани 1 од 12 до 18 (2 Страни)