- Залиха: Достапен
- Автор: Јохана Шпири
- Димензии: 14.80cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2017
- Број на страници: 257
- Корица: мека
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-233-9
Швајцарската писателка Јохана Шпири (1827-1901) е еден од многубројните примери во светската литература кога по многу напишани и објавени дела за возрасните, со драгоцено писателско искуство, им се посветува на децата. Нејзините книги: Раскази за деца и Расказите што ги сакаат децата и потврдиле дека не згрешила што им се посветила како автор токму на нив. Тоа уште повеќе ќе го потврди нејзиниот роман Хајди кој ќе и донесе светска слава. Со Хајди, Јохана Шпири создала дело со трајни уметнички вредности, кое во сите години подоцна со љубов било читано и препрочитувано на различните страни од светот. Девојчето Хајди е симбол на љубов , добрина, почит, потреба за другарување и соработка меѓу луѓето. Тоа е оној извор од кој дотекува вербата во човекот и животот.