
- Залиха: Достапен
- Автор: Фуат Севимај
- Година на издавање: 2026
- Број на страници: 320
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-879-3
Во втората половина на
1450-тите, во еден августовски ден, од островот Мармара тргнува чамец натоварен
со мермерни плочи, на пат кон Истанбул – градот на султанот Мехмед Освојувачот.
По многу премрежја, само една плоча успева да стигне до копно. Но, за украсување
на Капали чаршија биле потребни уште многу.
Мајсторот Назар, кој ја
познава тајната на каменот, со својата вештина и малку магија му дава нов живот
на мермерот. Со помошта на неговите другари од Тракија, чаршијата почнува да го
добива својот облик. Со трудот на мајсторите, дуќаните се исполнуваат со живот,
а чаршијата станува гордост на Истанбул.
Низ чаршијата што полека
го добива својот облик минуваат луѓе од сите страни: трговци, носачи, мајстори,
сонувачи и изгубени души. Секој од нив носи своја приказна, а сите заедно го
градат светот што продолжува да живее, да дише и да се менува.
Фуат Севимај, преку
мермерот и занаетчиите, султаните и архитектите, трговците и купувачите, го
оживува духот на Капали чаршија и магијата што се раѓа во неа. Со проткајување
на стварноста и фантазијата, сериозноста и хуморот, овој роман го води читателот
низ уличките на Капали чаршија, скриените агли и низ самото време.
Со живописен и магичен стил, Фуат Севимај создава роман во кој историјата и легендите се преплетуваат, а човечките слабости и соништа се судираат на секој чекор. Ова е приказна за луѓето што создаваат светови, што оставаат трага зад себеси, и за оние што, заслепени од желбите, исчезнуваат во сопствените соништа.




