- Залиха: Достапен
- Автор: М. Ј. Киршнер
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2006
- Број на страници: 188
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-257-6
This offer ends in:
Без разлика колку години имате, вие можете да имате здрав и активен живот, едноставно следејќи ги вежбите од оваа книга. Тие се јасно и внимателно објаснети, со привлечни илустрации и дијаграми, на еден од водечките експерти за јога во светот. Овие вежби не се наменети само за младите или за спортистите, туку и за оние со премала или преголема тежина, но и за оние кои страдаат од помали здравствени проблеми кои ги носи модерниот градски живот. Исто така, јогата помага при проблемите со исхраната и мускулите, срцевите заболувања, тензиите, тешкотиите со варењето на храната, анксиозноста, главоболките, проблемите со дишењето или слабата циркулација. Авторот на книгата е еден од најпознатите искусни учители, кој има создадено посебна студија за здравствената јога и начините на кои таа може да ја зајакне виталноста и да го продолжи животот. Киршнер со помош на своите методи им има помогнато на многу свои пациенти и ученици.