Мени
Вашата кошничка

Раскази од песокта

Раскази од песокта
Раскази од песокта
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Рената Пјатковска
  • Димензии: 20.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2021
  • Број на страници: 107
  • Корица: тврд повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-608-4799-31-3
490.00 ден.
Без ДДВ: 490.00 ден.

„Раскази од песокта“ е книга полна со многу интересни, забавни и неверојатни приказни и авантури во кои малиот Томек го истражува светот околу него и нè носи сите нас на навидум обични места. Но смешните и возбудливи авантури на Томек и неговите другарчиња се случуваат токму на тие места!

За Томек, секој нов ден е почеток на нова и незаборавна авантура! Денови исполнети со возбуда и авантури, кои возрасните често не ги забележуваат ниту разбираат. 
Томек има пет години и оди во градинка. Тој е многу бистро детенце кое ги освојува сите со својата љубопитност. Многу често прашува „зошто?“. Нему никогаш не му е здодевно и тој ни покажува дека постои цел еден свет кој возрасните никогаш нема да го разберат. Томек, на начин многу карактеристичен за децата на претшколска возраст, го истражува светот, но истовремено и си го објаснува на себеси. Тој се соочува со сè што денот носи со неверојатна ведрина. ¬¬¬Неговата смисла за хумор и смешните ситуации во кој тој постојано се наоѓа изнудуваат насмевки од возрасните, а децата кои се учесници во неговите авантури се многу спонтани.