- Залиха: Достапен
- Автор: Ванчо Николески
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2008
- Број на страници: 72
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-366-8
Истакнатиот македонски писател Ванчо Николески (1912-1980) е роден во селото Црвена Вода,охриско. Учителска школа завршил во Скопје, а подолго време работел како учител во Битола и Скопје. Николески е автор на стихозбирката Македонче, објавена 1946 година,со која биле поставени темелите на современата македонска литература за најмладите. Тој се вбројува меѓу најплодните и најомилените детски писатели во Македонија. Негови најпознати поетски и прозни дела се: Крај огниште, Прва радост, Чудесен свет, Мице, 14.000 ослепени, Волшебното самарче, Чудотворен кавал, Под виорното знаме, Гоце Делчев и други. Освен во поезијата, голем е придонесот на Ванчо Николески и во македонската проза за деца, каде посебно место заземаат неговите раскази. Тие се впечатливи, сликовити, доживеани, а меѓу нив посебно се издвојуваат: Чудотворен кавал, Струшкиот учител, Илинденска приказна, Чудна пресуда, Двајцата стари пријатели, Необичен ѕидар, Рибарско чудо, Фенерче од тиква и др. Голем број генерации македонски читатели се израснати со незаборавното творештво на писателот Ванчо Николески.