- Залиха: Достапен
- Автор: Велко Неделковски
- Димензии: 21.00cm x 30.00cm
- Година на издавање: 2021
- Број на страници: 28
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-813-7
УЧЕЊЕ НИЗ ИГРА е нова серија на едукативни книги од Феникс. Првите две изданија се посветени на мајката и таткото: „Мојата најдобра мајка“ напишана од Христо Петрески и „Мојот другар тато“ од Велко Неделковски. Изданијата се илустрирани од Славица Купенкова и се исполнети со песни и раскази, стикери и едукативни активности за децата, наставниците и родителите. Се надеваме дека и Вие ќе уживате во овие поинакви изданија, колку што уживавме и ние додека ги подготвувавме!
Во иднина очекувајте многу нови изданија од овој серијал и еден поинаков едукативен сајт за деца и млади како дел од нашиот проект УЧЕЊЕ НИЗ ИГРА со кој се надеваме дека ќе дадеме квалитетен придонес кон македонското издаваштво за деца и млади и ќе им помогнеме на најмладите да учат, читаат, размислуваат и го спознаваат светот.