- Залиха: Достапен
- Автор: Памела Л. Траверс
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2010
- Број на страници: 140
- Корица: мека
- Јазик: македонски
Авторката на книгата „Мери Попинс“, Памела Линдон Траверс, е родена 1906 година во Квинсленд, Австралија, во семејство со ирско потекло. Приказните за Мери Попинс почнала да ги пишува додека била болна, а книгата „Мери Попинс“ првпат ја објавила во 1934 година. По извонредниот успех, следната година ја објавила и книгата Мери Попинс се враќа. Други нејзини попознати книги се: „Патувам по море, патувам по земја“, „Лисицата и јаслите“ и „Пријателот мајмун“.„Мери Попинс“ е една топла, семејна и детско - возрасна приказна, во која поентата е дека луѓето се зближуваат и дека работите никогаш не се онакви какви што изгледаат на почетокот. Така, и по одењето на Мери Попинс се лееле крупни солзи, наспроти отпорот што го имале Џејн и Мајкл на почетокот. Како и да е, факт е дека животот е сочинет од таги и радости, од добри и лоши нешта, од убави и грди работи, а сето тоа заедно и го прави животот побрз, пожив и поинтересен. Мери Попинс е пример за пожртвуваност, грижливост и одлучност. Таа секогаш точно знаела што сака и така направила и на крајот. Заминала кога најмалку тоа од неа се очекувало, најверојатно до некое нејзино следно и скорешно враќање, зашто таа не се разделила со збогум, туку со довидување!