Мени
Вашата кошничка

Индијански коњ

Индијански коњ
Индијански коњ
-31 %
Индијански коњ
Индијански коњ
Индијански коњ
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Ричард Вагамис
  • Година на издавање: 2021
  • Број на страници: 224
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-816-8
This offer ends in:
Дена
Часа
Мин.
Сек.
250.00 ден.
360.00 ден.
Без ДДВ: 250.00 ден.

Романот „Индијански коњ“ е незаборавно ремек-дело на еден од водечките канадски писатели Ричард Вагамис и еден од 20-те најдобри романи на изминатата декада според Literary Hub. Книгата е адаптирана во прекрасен филм кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2017 година. Извршен продуцент на филмот е Клинт Иствуд.

Саул Индијански Коњ е сѐ уште мал кога не­говото семејство се повлекува во шумата. Меѓу езерата и кедрите, тие се обидуваат повторно да се поврзат со полузаборавените традиции и да се сокријат од властите кои ги киднапираат младите  Оџибвеи. Но, по пристигнувањето на зимата, Саул губи сè: својот брат, родителите, саканата баба, а потоа и својот дом.  
Сам во светот и сместен во ужасен интернат, Саул е опкружен со насилство и суровост. Поттикнат од еден свештеник, тој наоѓа при­времен спас во хокејот. Станувајќи в зори за да тренира, Саул докажува дека е решителен и не­сомнено надарен. Неговата интуиција и визија се ненадминливи. Неговата брзина е извонредна. Тие квалитети му отвораат врати: далеку од учи­лиштето, во аматерската Оџибвеј хокеарска лига и конечно професионалната кариера му е на дофат. 
Сепак, како што се нижат победите на Саул, така растат и понижувањата и подбивањата, расизмот, омразата и суровоста на светот што никогаш нема да го прифати…

Cookies
Користиме колачиња и други идентификатори за да ви овозможиме најдобро искуство со нашата интернет страница. Може да прочитате повеќе за тоа како ги користиме колачињата и другите идентификатори, во нашата Политика за приватност. Со продолжувањето да ја користите оваа страница, прифаќате да користиме колачиња и други идентификатори.