- Залиха: Достапен
- Автор: Викторија Ледерман
- Година на издавање: 2021
- Број на страници: 242
- Корица: тврд повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-821-2
This offer ends in:
Шестоодделенецот Глеб ќе го напише датумот 23.05.2013 на еден древен ѕид од храм на Маите и ќе отпатува наназад низ времето со своите соученици Јура и Лена.
Глеб е нивни соученик од неодамна, Јура е мрзливко, но и одличен ученик, а Лена е постојано задлабочена во домашните обврски. Кој би помислил дека тројца многу различни ученици ќе бидат обединети од заеднички проблем: еден ден времето за нив почнува да тече наназад. За нив нема утре – само вчера. Но, тоа носи и некои придобивки...
Сепак, колку се подалеку од 23 мај, толку е помала нивната надеж повторно да се вратат во иднината. Како да се избрише натписот од ѕидот, кој ќе биде напишан дури една седмица подоцна?
Екскурзијата до археолошкото наоѓалиште, кое најверојатно припаѓало на цивилизацијата на Маите, за трите деца станува почеток на авантурата за која нема да им поверува ниту еден возрасен. Или, сепак, ќе се најде некој кој ќе им поверува?