- Залиха: Достапен
- Автор: Васил Тоциновски
- Димензии: 14.80cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2012
- Број на страници: 56
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-109-X ! (
Прераскажани, уште поточно одново пресоздадени македонските легенди и преданија во едно ново време и со македонскиот литературен јазик како магичен знак на македонската опстојба, препознавање и непокор, се нудат за широкиот круг на читатели и вон од научната мисла и интерес, како понуда за убава лектира од најмладите до највозрасните. Се менуваат времињата. Годините брзо минуваат. Се менуваат и луѓето, па посакавме во тие минувања и разминувања да придодадеме по нешто во трајноста на пишаната реч. Книгата “Легенди и преданија” се нурнува во потрага по дел од најубавите приказни на безимениот народен гениј, кои послужиле како материјал за понатамошна авторска надградба. Јазикот на народниот раскажувач има чудесна, магична моќ, чистота и едноставност. Во легендите и преданијата среќаваме неизмерна убавина, добрина и мудрост, како и бројни ликови и карактери, настани и случки, кои заедно претставуваат трајно и непроценливо богатство.