Мени
Вашата кошничка

Локум

Локум
Локум
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Јан Волкерс
  • Година на издавање: 2021
  • Број на страници: 188
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-819-9
320.00 ден.
Без ДДВ: 320.00 ден.

Приказна за бурна љубовна врска...
Експлицитно еротска, искрена и отворена.

Холандски скулптор во своето студио, бесен поради љубовта што ја изгубил, ја опишува до најситни детали состојбата на својот живот, откако таа го напушта. Нараторот наизменично ги раскажува приказните за односот со Олга – нејзината страст и приврзаност и нејзината опсесивност и манипулација, но и за мрачните денови што следуваат, додека тој се обидува да го возобнови она што го имале кога живееле заедно „среќни како ѕверови“. 
Двајцата повторно се зближуваат за време на незапирливата и трагична борба на Олга со тешката болест. Само мекиот сладок локум, што нејзиниот поранешен љубовник ѝ го принесува на нејзината постела, останува како симбол на нивната љубов...

Веднаш по своето објавување, романот „Локум“ станува книжевна сензација. Сликовитиот јазик и експлицитните сексуални сцени имаат експлозивен ефект. Читателите пронајдоа книга што го одразува начинот на кој тие зборуваат, размислуваат и чувствуваат. 
Стилот на авторот е искрен, разговорен и колоквијален.

„Искрена и отворена.“
„Директна, сликовита, забавна.“
„Експлицитно еротска.“
– Publishers Weekly

Cookies
Користиме колачиња и други идентификатори за да ви овозможиме најдобро искуство со нашата интернет страница. Може да прочитате повеќе за тоа како ги користиме колачињата и другите идентификатори, во нашата Политика за приватност. Со продолжувањето да ја користите оваа страница, прифаќате да користиме колачиња и други идентификатори.