- Залиха: Достапен
- Автор: Мари Страчан
- Година на издавање: 2021
- Број на страници: 298
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-829-8
This offer ends in:
Велс, 1950-тите години, мало тивко гратче во кое малкумина се подготвени да ја кажат вистината...
Младата Гвени Морган има дарба – таа секоја вечер лета во своите соништа. Го напушта креветот што го дели со својата сестра и се вивнува во темното небо далеку од своето семејство. Лебди над блиските полиња и фарми, слушајќи ги ноќните звуци на нејзиното мало велшко гратче.
Гвени е љубител на пудинг од јагоди, детективски приказни и сака да поставува многу прашања. Соседите, но и нејзината мајка се чудат на нејзината љубопитност, додека наставничката Елин Еванс ја поддржува во остварувањето на нејзините соништа. Кога Ифан, сопругот на Елин, еден ден мистериозно исчезнува – Гвени одлучува да спроведе сопствена истрага и да ја одгатне тајната на неговото исчезнување.
Но, какви ќе бидат последиците од разоткривањето на вистината, за Гвени, за нејзиното семејство и за сите жители во малото велшко гратче?
„Земјата потпевнува во Бе-мол е интимна, пријатна, предизвикувачка приказна за девојче-детектив кое се бори да го состави мозаикот од трагите кои ги открива. Ликовите се толку сликовито прикажани, што откривањето на нивните тајни е крајно привлечно.
Навистина уживав во оваа книга.“
Кетрин О’Флин, авторка на „Она што е изгубено“