- Залиха: Достапен
- Автор: Сузана Алакоски
- Димензии: 13.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2020
- Број на страници: 270
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-779-6
This offer ends in:
„Свиналангорна“ е роман првенец на Сузана Алакоски. Високо оценет од критичарите, набрзо станува шведски бестселер со повеќе од 400.000 продадени копии
Лена има двајца најдобри пријатели. Осе е единствената што Лена ја познава, а која нема татко кој пие, но затоа пак нејзината мајка пие. Таткото на Риита се опијанува речиси секој ден. Настаните се случуваат во текот на шеесеттите години во новоизградениот комплекс за домување во Истад, кој е исполнет со фамилии на имигранти и семејства со ниски приходи. За Лена и нејзините родители со финско потекло, новиот стан е луксуз: три соби, балкон, подови обложени со паркет... Но, мештаните брзо почнуваат да го нарекуваат соседството „Свиналангорна“ (Редови со свињи).
Црвеникаво-жолтеникавите трикатни куќи стануваат колективно место за дејствието во романот за Лена од Сузана Алакоски. Со проникливост и динамичност, таа ја раскажува својата приказна, за нејзините родители, нивните соседи и сите смешни и драстични настани што се случуваат околу неа. Но, смеата ви застанува во грлото кога ќе се открие вистинската природа на ова детско портретирање.
Лена, нејзините браќа и сестри и нејзините пријатели осцилираат помеѓу периоди на очигледна уредност и целосен хаос. Ова е нивната потресна приказна за социјалната класа, ранливоста на децата и нивниот капацитет да преживеат...
„Студија на тиранијaта на созревањето и сиромаштијата. Убедлив роман за класните разлики, интегритетот, половите разлики, на она што долго време се очекуваше од модерната шведска литература.“
Per Planhammar, GP