- Залиха: Достапен
- Автор: Пер Петешон
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2022
- Број на страници: 91
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-849-6
This offer ends in:
Арвид Јансен е кревко, хиперсензитивно момче кое живее во предградието на Осло, во раните шеесетти години. Неговото семејство е сиромашно – татко му е работник во фабрика за чевли, а мајка му е хигиеничарка. Арвид често има кошмари и штотуку започнува да го осознава светот и да ги спојува деловите од сложувалката наречена живот. Светот е пред колапс и на работ на нуклеарна војна.
„Пепел во устата, песок во чевлите“ е книга за растењето, осознавањето и вечните прашања: кои сме, каде одиме, што правиме...
Со оваа книга Петешон за прв пат го претставува Арвид Јансен пред читателите. Авторот создава чувствителен портрет на детството со целата негова комплексност, чудесност и збунетост на начин кој воодушевува. Несомнено ќе посакате и понатаму да читате за Арвид и во другите дела на Петешон.
„Топла, трогателна, автентична“
Дагбладет
„Прекрасно четиво за лузните
и радостите на детството“
Њујорк тајмс