Мени
Вашата кошничка

Патувањето во Куба

Патувањето во Куба
-19 %
Патувањето во Куба
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Мари-Луиз Геј и Дејвид Хомел
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2023
  • Број на страници: 162
  • Корица: тврд повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-861-8
This offer ends in:
Дена
Часа
Мин.
Сек.
290.00 ден.
360.00 ден.
Без ДДВ: 290.00 ден.

ДРУГИ ИЗДАНИЈА ОД ОВОЈ АВТОР

Во оваа НОВА книга од популарниот серијал „Патувањата со моето семејство“, Чарли оди во Куба, остров полн со изненадувања, тајни и спротивности!

По турбулентниот лет со авион, сличен на спуштање низ тобоган, Чарли и неговото семејство конечно пристигнуваат на сончев, зелен остров кој плови во морето: Куба! Но, местото што тие го откриваат е многу поинакво од одморалиштата за кои зборуваат пријателите на Чарли.
Чарли никогаш не бил во земја која е толку збунувачка како Куба, земја во која се чувствува како да отпатувал во минатото. Таму каде што хаванскиот грандиозен хотел „Национал“ стои покрај зградите кои се чини дека се распаѓаат пред неговите очи. Таму каде што има различни видови ѕидови, почнувајќи од познатиот морски ѕид на Хавана, до оние невидливите кои изгледа како да имаат за цел да ги одвојат туристите од локалното население.
Кога семејството тргнува „надвор од разгазената патека“, Чарли се спријателува со Лазаро, кој често доаѓа од Мајами за да ги посети своите кубански роднини.
Додека оди од едно чудно и чудесно бегство во друго, Чарли открива дека неговите очекувања од островот и неговите жители се менуваат одново и одново...