- Залиха: Достапен
- Автор: Пер Петешон
- Година на издавање: 2022
- Број на страници: 234
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-845-8
This offer ends in:
Осло, 1992. Арвид Јансен има триесет и осум години, разведен и препуштен сам на себе. Тој ги губи или го напуштаат сите што му се драги. Животот му стана прашање на пронаоѓање сигурни патокази. Ги бара низ градот „старите бојни полиња“, претерува со пиење, запознава жени и оди дома со нив, или се вози наоколу со маздата, во која исто така ги поминува и ноќите кога креветот му станува невозможно место за престој.
Помина една година откако неговата поранешна сопруга Турид ги зеде со себе трите девојчиња и замина. Едно рано утро таа му се јавува од напуштената железничка станица во Бјоркеланген. Арвид ја зема и ја носи дома во Шјетен. Но, за прв пат тој одбива да ѝ го даде она што таа го бара, затоа што во станот во кој таа се има преселено тој не наоѓа ништо од нивниот заеднички живот, туку таму тој е сосема избришан и веќе не постои.
Арвид смета дека неговата најстара ќерка Вигдис гледа каков човек е всушност тој и затоа таа мора да се оддалечи од него. Но, истовремено, можеби токму таа е онаа која најмногу има потреба од него...
“Низ кривулестите, честопати мрачни патишта на Остланд, зад воланот седи еден човек. Арвид Јансен, повознемирен од кога и да е претходно. Каде води сега патот, откако идеологиите и бракот отидоа по ѓаволите? Првокласен роман, ментална одисеја низ мрачните оази на Осло.“
Фредрик Вандруп, Дагбладет
“Мажи во моја ситуација е големо и емотивно читателско доживување... Мајсторска уметност на пишувањето романи.“
Тор Хамеро, Нетависен