Мени
Вашата кошничка

Сребрени крилја

Сребрени крилја
-34 %
Сребрени крилја
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Камила Лекберг
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2023
  • Број на страници: 317
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-859-
This offer ends in:
Дена
Часа
Мин.
Сек.
299.00 ден.
450.00 ден.
Без ДДВ: 299.00 ден.

ДРУГИ ИЗДАНИЈА ОД ОВОЈ АВТОР

299.00 ден. 400.00 ден.
Без ДДВ:299.00 ден.

„Сребрени крилја“ на шведската писателка Камила Лекберг е долгоочекуваното продолжение на нејзиниот бестселер „Златниот кафез“ – психолошки трилер, возбудлива одмаздничка драма за предавството, борбата за правда и женското сестринство, во кој главната хероина е силна жена, незаборавната Феј.

Феј Аделхајм штотуку го започна својот нов живот во странство. Таа има незамисливо богатство, претседател е на нејзиниот глобален бренд за козметика кој го изгради сама од темел, а нејзиниот поранешен сопруг, чудовиштето кое ја уби нејзината сакана ќерка Џулиен, го поминува остатокот од својот живот зад решетки.
Меѓутоа, без да знаат новинарите, полицијата и инвеститорите, па дури и љубовниците кои повремено ги поканува во својот кревет, Феј има тајна: нејзината ќерка е всушност здрава и жива, а исто така и нејзината мајка, за чие убиство пред многу години е осуден таткото на Феј.
Обединети, овие три генерации жени преживуваат криејќи се од мажите кои се обиделе да ги уништат. Но, за жал, кафезите ќе се отворат, шепотењата на перница ќе доведат до предавство, а тајните секогаш завршуваат со солзи...

Овој серијал, неуморно ниже успеси и во Шведска и на меѓународен план. Ако уживате во читањето на мистични психолошки трилери, „Сребрени крилја“ е роман што не треба да го пропуштите.

„Новиот роман на Камила Лакберг е уште повозбудлив и посовремен... Книгата е многу забавна, ве држи во неизвесност до последниот миг“.
Sydsvenskan


„Брутална и навистина мајсторски елаборирана приказна. Женската одмазда е уште поголема од она што може да се претпостави. 
Актуелно, остро и префинето... Станува веродостојно и e вешто раскажанo. Кога ќе дојдете до величествениот крај на книгата, ќе се изненадите“.
Bohusläningen