- Залиха: Достапен
- Автор: Камила Лекберг
- Година на издавање: 2021
- Број на страници: 358
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-830-4
Џек и Феј имаат наизглед идиличен живот… барем така се чини на прв поглед. Таа е мажена за успешен бизнисмен со кого има прекрасна ќерка. Иако заедно ја започнале деловната империја, Феј е заробена во улогата на мајка и домаќинка, додека, пак, нејзиниот сопруг ги ужива сите привилегии од заедничкиот успех. Се откажала од кариерата поради семејството, но не ѝ е жал. Можеби има некои проблеми во бракот, но кој ги нема? Или, пак, ја нервираат сопругите на милионерите со кои е принудена да се дружи?
⋅∙⋅
Еден ден, Феј го затекнува својот сопруг со една од многуте негови љубовници. Но, дури и тогаш, таа е понизна и е подготвена да му прости за неверството. Сепак, тој бара развод од неа. Поради прецизниот предбрачен договор, по разводот, Феј останува без ништо, но ја зема судбината во свои раце, се присетува која била некогаш и започнува сѐ одново.
Таа во себе ја пронаоѓа старата Феј. Нејзиниот поранешен сопруг не знае што го чека, затоа што Феј одлучува да се одмазди и да престане да биде жртва...